Илиеска: Владата од 2017 година нема стратегија за привлекување на инвестиции

Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата нема стратегија за привлекување на инвестиции.
 
Во продолжение следи нејзиниот статус на Фејсбук:
 
„Дрзавен завод за ревизија – ДТИРЗ е полн брод со пари кој троши, плови без цел, насока и контрола.
* Владата од 2017 НЕМА стратегија за привлекување на странски инвестиции
* Владата нема контрола врз развојот , работењето и постигнатите резултати на зоните бидејќи ДТИРЗ не доставувала годишни извештаи за работењето на зоните од 2017 до 2021
* Грешни завршни сметки за 2020 и 2021
* ДТИРЗ раскинала договор и не презела мерки за наплата на договорни казни
* Овластени лица од ДТИРЗ во директно преговарање со корисниците дели државна помош во пари.
* Ревизијата утврдила дека фирмите работат без технички прием и одобрение за употреба.
* 85 редовно вработени плус 72 вработени лица на договор на дело, а ДТИРЗ дополнително ангжира надворешни компании за вршење на нејзините дејности утврдени со закон“, напиша таа.

28.10.2022 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега