Иницијатива во Кавадарци: Божиќен ручек на плоштад за социјално ранливите и тие без семејство

Општина Кавадарци иницира Божиќен ручек на плоштадот за социјално ранливите категории и оние сограѓани кои немаат семејство.

Градоначалникот Митко Јанчев предложи на 6 јануари со помош на општествено-одговорни компании овие луѓе да ги прослават Бадник и Божиќ на достоинствен начин.

-Додека повеќето од нас ќе се соберат да ги прослават Бадник и Божиќ, да се насмеат и да уживаат на празничната трпеза со семејството и своите најблиски, не смееме да заборавиме на оние кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, не смееме да ги заборавиме оние кои се сами и осамени. За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да им биде најубавото време од годината. И затоа во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира ручек на градскиот плоштад на 6 јануари од 9 до 14 часот, со кој сакаме да допреме до овие луѓе и да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кој веруваме ќе стане традиционален. Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов од ресторан Моклиште, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, напиша Јанчев на Фејсбук.

03.01.2022 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега