Интегра има решение - пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одат во карантин

Лидерот на Интергра, Љупчо Ристовски во интервју за „Макфакс“ вели дека Македонија е мочуриште и потребно е прочистување на политичкиот систем.

Ристовски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да опстои до крај на ставот поврзан со уставните измени, па поради тоа даде еден предлог.ж

„Апсолутно, ќе ретерираат во врска со уставните измени. Кое било лидерство да дојде на чело на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде уценето. Јас тврдам дека се уценети, дури лично и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уценети и некој ги има во рака. Мицкоски да не го лаже својот народ. Нека еднаш додржат до својот став. Ако треба, сите пратеници ќе ги однесе во карантин шест месеци, ќе им ги одземе мобилните телефони додека помине периодот на гласање за уставните измени. Има начин како да се спречи процесот“, посочува Ристовски.

Според него,, лидерската средба иницирана од премиерот Димитар Ковачевски во македонскиот парламент била одржана колку да се рече.

 

„Лидерската средба се одржа колку да се рече. Но, мислам дека зад тоа се крие и политика на скриени намери, се подготвува јавноста за уставните измени. Тоа покажува дека и власта и опозицијата имаат скриени политики, а на крајот тежината паѓа на товар на народот затоа што ниту едните ниту другите не ја кажуваат вистината. Сите излегуваат со лаги“, вели тој.

 

 

08.11.2022 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега