Интерпелацијата за Димитров ќе ја поддржи и Алијанса за Албанците

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека неговата партија во Собранието ќе ја поддржи секоја иницијатива за интерпелација.

„Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би требало да ја поддржиме секоја иницијатива за интерпелација“, изјави Зијадин Села во петокот вечерта во „Click Plus“ на телевизијата ТВ21.

Како што претходно најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нејзината парламентарна група претходно во петокот до Собранието поднесе предлог за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров, до неодамнешен министер за надворепни работи во владата на премеирот Зоран Заев, со образложение дека го игнорирал парламентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега