Историчарите се оградуваат од Заев: Терминот „окупација“ е општоприфатен за улогата на Бугарија во Втората светска војна

 

Историчарите се оградуваат од премиерот Зоран Заев по неговото интервју за БГНЕС.

Членот на македонскиот дел од историската комисија Огнен Вангелов апелираше политичарите да се воздржат од тврдења и коментари за кои не се запознаени.

-Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947, напиша Вангелов на Фејсбук.

Целосно согласен со Ljubica Spaskovska. “Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам...

Posted by Ognen Vangelov on Wednesday, 25 November 2020

И историчарката Љубица Спасковска која е научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија во историската комисија побара од политичарите да се воздржат од коментари за теми кои што не ги разбираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега