Италијански раскош: Дони Јен и сопругата ги обновија брачните завети на 20-годишнината
Во подножјето на Алпите во северна Италија се наоѓа езерото Комо, со живописен поглед и романтични пејзажи.
Ова место им е омилено на многу парови вклучувајќи ја и филмската ѕвезда од Хонг Конг, Дони Јен, и неговата сопруга, моделот Сиси Ванг.
Познатиот кунгфу-актер ја сподели веста во објава на „Веибо“.
Не е изненадување што Дони (59) и Сиси (42) одржаа церемонија за да ги обноват своите завети таму, 20 години по венчавката во 2003 година.
„Времето секогаш лета несвесно, а јас и мојата драга сопруга Сиси сме рака под рака веќе 20 години“, напиша Дони во својата објава. „Ти благодарам што си полна со љубов, љубезна, нежна и што ме придружуваш во текот на животот и што си мој најсилен поддржувач“.
Во прилог на објавата има фотографии направени на раскошната церемонија, која се чини дека се одржала во вилата „Балбијано“, која неодамна стана позната како сценографија во филмот „Куќата Гучи“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа