Избувна пожар во струмичко - пожарникарите на терен

Пожарот кој избувна претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума, се уште не е изгаснат, а пожарникарите се обидуваат да го запрат ширењето кон селото Дукатино.

 

Според информациите од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествуваат две против пожарни возила и 10 пожарникари, а пожарот е делумно локализиран.

 

-Пожарот помогнат од силниот ветер зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен, информираат струмичките пожарникари.

Екипи на ТППЕ Струмица се уште се терен и се борат да го запрат ширењето на пожарот.

 

26.04.2022 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега