Изгаснат пожарот кај врвот Китка

Денеска избувна пожар кај врвот Китка во Македонска Каменица, но истиот беше изгаснат од страна на противпожарната единица.

Од пожарот како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, Малин Трајчевски опожарена е поголема површина со нискостеблеста вегетација.

 

-На теренот кој беше релативно тешко достапен, во близина на месноста Јуручки гробишта, опустошени се над десет хектари нискостеблеста вегетација и трева, рече Трајчевски.

Во гасењето на пожарот учествуваа пожарникари од ТППЕ Македонска Каменица кои спречија негово ширење кон изворот со вода во близина на опожареното подрачје.

27.04.2022 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега