Излажале дедо: Дал 800 евра за дијаманти, добил бижутерија

На 26.03.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 – годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.

-Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија, информира МВР.

Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

27.03.2024 - 17:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега