Измама тешка 281.600 денари: Тројца мажи лажно нуделе градежни материјали по поевтини цени

 


ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33)  и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“.

Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени.

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.

16.05.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега