Извештај на ОН: Добро се управуваше со здравјето на луѓето во текот на целата 2020 годин

Во 2020 година,Северна Македонија го подготви својот прв Доброволен национален преглед (ДНП) што служи како основа за напредокот кон Целите за оддржлив развој (ЦОР), со забележани значајни достигнувања во категориите Луѓе и Благосостојба. Земјата оствари еден од долгогодишните стратешки приоритети - членство во Северно-атлантската организација (НАТО). 

Поради неможноста да се започнат преговорите за пристапување во Европската унија (ЕУ), предвремени парламентарни избори беа закажани за април 2020 год, а техничката Влада беше формирана во јануари 2020 год, се вели во извештајот на Обединетите нации за остварените резултати на Република а Северна Македонија во 2020 година.

Во извештајот се вели дека кога во март се случи епидемијата со КОВИД-19, во земјата имаше техничка Влада и распуштено Собрание, што значително го усложни одговорот кон КОВИД-19 бидејќи Владата имаше ограничени овластувања и мандат да донесе итни и сложени анти-кризни мерки. За да се надмине тоа, Претседателот прогласи и двапати ја продолжи вонредната состојба, со што и и овозможи на техничката Влада решително да одговори на пандемијата. Поради тековната криза, изборите беа одложени за месец јули и резултираа со тесен реизбор на истата коалиционата Влада.

-Влијанието од кризата со КОВИД-19 ги поткопа придобивките за одржливиот развој во последната деценија. Влијанието врз здравјето беше релативно умерено и со него добро се управуваше во текот на скоро целата година, иако здравствениот систем се соочи со голем број предизвици, главно поради ограничените ресурси, опрема и материјал. Од психо-социјален аспект, нарушеното образование на сите нивоа ги загрози резултатите од учењето за многу генерации, додека само-изолацијата, финансиската несигурност, стравот и вознемиреноста придонесоа за психосоцијални нарушувања и го зголемија родовото и семејното насилство до 45%, при што децата беа 10% од жртвите, се вели во извештајот.

Според извештајот на ОН, непосредното економско влијание на КОВИД-19 беше предизвикано од одложените и прекинати синџири на снабдување, што најмногу влијаеше на извозно- ориентираната индустрија којашто е многу зависна од пазарот на ЕУ. Несигурноста за храна и медицински материјал за среќа траеше кратко време како резултат на брзото воспоставување на зелени ленти помеѓу членките на Договорот за слободна трговија на централна Европа (ЦЕФТА) и земјите од ЕУ.

-Забраната за социјални активности влијаеше главно на микро и малите компании во угостителскиот сектор и културата, а забраната за патување влијаеше на секторите туризам и транспорт и на сезонските работници. Ситуацијата дополнително се влоши во текот на второто тромесечје од годината кога се почувствува најсилното влијание врз економијата, а влијанието врз здравјето беше најизразено во последното тромесечје, се вели во извештајот.

15.07.2021 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега