Јаревски: Владата предводена од Ковачевски ја третира државата како гранапче за партиски и лични интереси

„Целата влада предводена од Ковачевски си ја третира како свое лично дуќанче, како гранапче, за партиски тесни интереси, затоа се давиме во корупција, затоа не ни функционира системот, затоа не ни работат институциите како што треба. Напразно се нашите зборови, институциите за оваа власт не се важни. Размената и профитот е она што им е нивна водилка, за жал“, истакна Тони Јаревски.

Јаревски додаде и дека дигитализацијата е начинот на кој што може да се намали корупцијата но и најголем проблем е што во државата нема никаква одговорност.

„Рековме дека дигитализација е начинот на кој што може да се намали корупцијата. Дигитализацијата е начинот на кој што може да ги направиме процесите побрзи, поефикасни и поделотворни. Мерливи и контролирани. Колку пари се потрошија на дигитализација? Не се знае. Проверете колку тендери се направени на полето на ИТ. Проверете колку од тие тендери се со двојн и набавки. За иста работа повеќе институции. Не е проблем да се одвои, не е проблем да се поддржи, проблемот е како се спроведува,  и она што е најголем проблем во државата што нема никаква одговорност“, истакна Јаревски.

Јаревски додаде и дека ова е држава во која што се прави нешто само за лични и партиски интереси, и за тоа никој не сноси одговорност.

 

„Ова е држава во која што се прави нешто само за лични и партиски интереси, и за тоа никој не сноси одговорност. И тоа ни се случува. Саркастичен бев со она проверете колку тендери се направени бидејќи истата ситуација сега што ни се случува во ФЗО ја имавме во бирото за јавни набавки. Од оваа говорница ве прашувам кој е тој што ќе каже прво што е направено, дали е лоциран виновникот дали се превземени мерки за она што се случи и дали податоците што сега се вратени некој гарантира дека се истите од претходно“, нагласи Јаревски.

20.02.2023 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега