Јорданов: Директорот на Клиничката болница убавиот настан го претвори во политичко препукување

„Еден убав настан, се претвори во политичко препукување и реваншизам!
Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него“, реагира градоначалникот на Штип, Јорданов на социјалните мрежи на кој не му беше дозволено да влезе во штипското акушерско одделение да го посети првото родено бебе во градот.
 
„Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение. Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него“, се вели во неговиот статус.
 

04.01.2022 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега