Јовески: Обвинителството наскоро ќе донесе одлука по поднесените кривични пријави на Боки 13

Јовески најави дека во скоро време, обвинителството ќе донесе одлука во врска со неколку десетици кривични пријави што Бојан Јовановски (Боки 13), ги поднесе против повеќе носители на јавни функции, членови на нивните семејства и бизнисмени, пренесува ТВ24.

Сето ова доаѓа откако Јовановски неодамна објави писмо во кое изнесува сериозни обвинувања за актуелни функционери но и напади врз него од страна на судии но и криење докази во постапките што се водат против него.

Јовески не се согласува со мислењето на општата јавност дека обвинителството постапува селективно и дека подлегнува на политички влијанија. Доколку е така, тогаш веројатно обвинителството немаше да отвори предмети против носители на јавни функции, вели Јовески, пренесува ТВ24.

03.01.2022 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега