Јовева: Билатералните прашања не смеат да се користат за блокирање на европскиот пат

Билатералните прашања не смеат да се користат за блокирање на европскиот пат, вели словенечката европратеничка во интервју за МИА.

Вели дека таквите прашања можат да се решаваат во меѓувреме, но билатерално.

-Европскиот пат не смее да биде жртва или заложник на политиката и историските расправии. Европската унија е создадена врз принципите на плурализмот и единство во различностите, а билатералните историски прашања треба да бидат само билатерални, рече Јовева.

Вели дека се срами кога ги слуша бугарските реакции, потенцирајќи дека Софија треба да даде пријателска поддршка за Македонија наместо да го блокира целиот напредок.

Вели дека процесот за проширување станува сѐ потежок и потежок.

 Процесот на проширувањето и она што се бара од земјите кандидатки станува се потешко и потешко. Јас дури и мислам дека некои земји кои што се веќе во ЕУ според овие критериуми немаше да влезат. Се разбира, Европската Унија е создадена врз принципите на плурализам и единство во различностите, но повторувам дека билатералните историски прашања треба да бидат само билатерални. Европската Унија би добила многу со членството на богатото културно и историско наследство на земјите од Западен Балкан, вели Јовева.

 

22.06.2021 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега