Кацарска нов Уставен судија

Судијката од Кривичниот суд Добрила Кацарска е предложена за Уставен судија, дознава Сител. Сите 12 членови на Судскиот совет едногласно го поддржале предлого таа да биде Уставен судија. Сега предлогот ќе биде препратен до Собрание каде пратениците треба да ја изберат на функцијата.

Кацарска во пошироката јавност е позната како судијката која ги осуди Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“, како и учесниците во упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Го судеше и предметот „Триста“ (исто така против Поповски, за набавка на 300 возила за МВР) и беше дел од судискиот совет во предметот „Поткуп“ против Зоран Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега