Каевски: Чекаме трето дете со сопругата, затоа ме нема на листата

Дарко Каевски пратеник и член на ИО на СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека нема да биде дел од листите и нема аспирација за пратеничко и владино место. Продолжува со посветеност за оној пат што го има определено партијата, за да продолжи државата кон ЕУ.

- Во период што следи на некои наредни избори, се надевам дека ќе бидам дел од битките, зошто е важно како СДСМ да продолжиме по оној пат кој го имаме зацртано. Седмото место во изборната единица 1 е добитно и јас чекам трето дете и тоа е нешто што ќе се случи токму за време на кампањата. Затоа и ме нема на листите и тоа го образложив и на Централниот одбор, тоа беа моите лични причини да не се најдам на листата. СДСМ и коалицијата има сериозен кадровски потенцијал и оправдани се мислењата на јавноста дека многу луѓе заслужуваат да бидат на високи позиции. - рече Каевски.

28.03.2024 - 22:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега