Каевски реизбран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски, повторно е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Совет на Европа.
 
„Претходно, Каевски на оваа позиција беше избран минатата година.
Собранието е клучен партнер во борбата за подемократски општества и адресирањето на горливите проблеми поврзани со човековите права.
Повторниот избор на Каевски е успех за СДСМ, но и успех за македонската дипломатија“, се вели во соопштението на СДСМ доставено до медиумите.
23.01.2023 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега