Календар на МПЦ: Денеска е Св. великомаченица Ефимија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јули.

Денеска е Св. великомаченица Ефимија.

Света Ефимија се слави во месец февруари, а на денешен ден црквата се сеќава на нејзината помош на отците од Четвртиот вселенски собор од 451 госина, кој се одржа во градот Халкидон.

Имено, кога разумните уверувања не успеаа да ги разуверат еретиците монофизити, беше договорено да се запишат двете исповедања православното и монофизитското и да се стават во ковчегот со моштите на света Ефимија.

До ковчегот беше поставена царска стража, за да се оневозможи секоја измама. После три дена поминати во пост и молитва, отците го отворија ковчегот и го најдоа православното исповедање во раката на света Ефимија, а монофизитското под нејзините нозе.

24.07.2022 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега