Камчев излегува на слобода, прифатена гаранција од скоро 11 милиони евра

Орце Камчев излегува од затворот „Скопје“ во Шутка по неполни десет месеци во притвор, пренесува „А1он“.

Кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра.

Притворот му е укинат, но патните исправи му остануваат во суд.

„Уважена е жалбата и укината е мерката притвор со прифаќање на гаранција. 10.996.453 евра, дел е во недвижности, дел има и во готовина“, изјавиле од Апелација за А1он.

Инаку, Камчев е на лекување во Систина, каде ја дочека Новата година, после третманот директно заминува дома.

04.01.2022 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега