Караџовски: Луѓето прават мини свадби и со позитивна енергија го прославуваат празникот, ситуацијата може да излезе од контрола

Ние не можеме да делуваме кој и каде ќе ја прослави Новата година, дали во Охрид, во Маврово или во Берово, рече првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешната прес-конференција.

– Патувањата не се лимитирани. Прославата на Новата година доколку е одговорна, може да се направи во било кој дел од државата. Повторувам, ако прославувањето е одговорно, а тоа значи почитување на мерките и со луѓе од семејството. Не е добро да се групираат луѓе, а и целта на овие мерки е да се избегне групирање на луѓе во ресторани, хотели и други објекти. Дали се викале ора, танци, пијачка, концентрацијата може да опадне и ситуацијата да излезе од контрола. Истото важи и за домашните слави и верски празници. Луѓето прават мини свадби и со позитивна енергија го прославуваат празникот, но тој собир многу лесно може да се претвори во кластер – рече Караџовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега