Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за бугарската историја- со идентитетот на бугарскиот херој

 

Каракачанов тврди дека Бугарија на никаков начин не отстапила од своите позиции. Посочи дека на разговорите во Софија ги кажале нивните барања, а македонската страна вели треба да се изјасни до петок

„Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги вчерашните разговори на делегациите на а Македонија и Бугарија во Софија во рамките на самитот на земјите од Берлинскиот процес на кој копретседаваа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.

„Ние го искажавме нашиот став, кој е јасен, недвосмислен и целосно се совпаѓа со рамковната позиција што беше усвоена од Парламентот во октомври минатата година. Објаснивме дека не можеме да правиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарскиот херој, на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави Каракачанов.

Според него преговорите може да завршат на два начина – или со епилог добар и Бугарија и за Македонија или Македонија да почека за преговори со ЕУ.

Оваа изјава Каракачанов ја даде по откривањето на споменик на Гоце Делчев во градот Самоков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега