Казни од 250 евра за невакцинираните кои ќе влезат во угостителски објект - 30.000 евра казна за угостителите

Од понеделник стапуваат на сила новите рестриктивни мерките кои ги донесе Владата со кои за влез во угостителските објекти потребна е задолжителна потврда за извршена имунизација и редарска служба заради контрола на приложување доказ за имунизација во објекти каде што има повеќе од 30 присутни лица.

Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без сертификат за примена вакцина против ковид-19 ќе платат казна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30.000 евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели во последната изјава директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска.

Таа нагласува дека објектот нема да биде казнет само во ситуација ако се потврди дека редарот бил доведен во заблуда со покажување на невалиден или туѓ сертификат за вакцинација.

-Во таква ситуација угостителскиот објект нема да биде казнет, туку физичкото лице, поради лажно претставување, потенцира директорката на ДПИ.

13.08.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега