Кичеец останува во затвор, судот му го одби барањето за условен отпуст

Зоран Милевски Кичеец нема предвреме да излезе од затвор, Кривичниот суд му го одби барањето за условен отпуст, кој го бараше по одлежани две третини од казната.

„ Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива. Решението во текот на денешниот ден е експедирано до странките во постапката кои имаат право на жалба во рок од 8 дена, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.

Кичеец беше осуден на три години затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“.

15.11.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега