Кинеските вакцини ќе задоцнат два часа

Министерството за здравство вечерва соопшти дека кинеските вакцини „Синофарм“ наместо во 5 часот изутрина, ќе пристигнат два часа подоцна, односно во 7 часот.

Во земјава треба се очекуваат вкупно 200.000 вакцини „Синофарм“ купени во директни преговори со производителот.

По тој повод, пред поликлиниката „Јане Сандански“ најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2021 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега