Клековски: Македонската понуда што е на маса е неприфатлива за Каракачанов

Македонската понуда која сега е на маса не е прифатлива за бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов бидејќи што и да прифати тој ќе излезе како губитник во целата приказна и не ќе има со што да излезе на избори, истакна во интервју во Дневникот на Сител политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

Вели дека се надева оти поставувањето на специјален пратеник во преговорите со Софија не е спуштање на преговорите на недозволиво ниво.

-Поставувањето на специјален пратеник, од една страна дека сакаме да ги раздвоиме ЕУ интеграциите од спорот со Бугарија. Тоа е позитивната интепретација. Негативната е дека во Македонија има се помалку политичари кои се спремни својата политичка репутација да ја стават во функција на поддршка на можен договор кој се темели на изјавите кои ги даде премиерот за БГНес, анализа Клековски.

Вели дека по интервјуто на Заев се виделе разликите во размислувањата на функционерите кои доаѓаат од владејчката СДСМ, меѓу кои и претседателот на државата, вицепремиерот за европски прашања, но и скопскиот градоначалник.

Клековски вели дека доколку сега се дојде до договор со источниот сосед, тој ќе наиде на аплауз бидејќи во иднина ќе биде многу потешко да се дојде до решение со оглед на тоа што следното претседателство со ЕУ ќе има Портулагија, па Словенија, но тогаш Франција ќе влезе во предизборен период.

-Прашање е дали ќе имаат доволно сили овие земји како Португалија и Словенија да го вратат вниманието на проширувањето, појаснува Клековски.

Во однос на изјавите од страна на бугарските политичари, Клековски вели дека се чувствува натпревар меѓу нив за тоа кој ќе даде поостра изјава кон Македонија. Според него, прв почнал Каракачанов, а потоа се надоврзале сите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

Lines and paragraphs break automatically.

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега