Колку ќе чини дизелот кога ќе се прифати предлогот на Ковачевски а колку предлага Мицкоски

Вчерашните мерки на владата предвидуваат намалување на ДДВ за 8 процентни поени и 3 прага за намалување на акцизата. Иако Владата своите пресметки ги прави во тони сурова нафта, за да биде поедноставно и по прилагодено на пазарот, ние овде ќе правиме пресметки во барели. Во еден тон нафта има околу 7,4 барели. Тоа конвертирано во поразбирливи бројки значи дека

Кога барел нафта ќе биде од 107 до 134 долари владата ќе ја намали акцизата за 1 денар. Кога барелот ќе чини од 134 до 161 долари акцизата би паднала за 2 денари, а тогаш кога барел нафта ќе отиде над 161 долари, што до сега не се случило, акцизата на горивата би се намалила за 4 денари.


Иако се уште не се донесени измените, кои вчера ги предложи Ковачевски ние правиме математичка симулација за тоа колку би чинел денеска дизелот доколку овие мерки беа на сила.
Во моментов, според цените кои вчера доцна вечерта ги објави Регулаторна цената на литар дизел е 94 денари.
Во оваа сума 64.16 денари се трошоците за самото гориво заедно со маржата на трговците и останатите давачки за животна средина, трнаспортни и складишни трошоци и задолжителни резерви. На оваа сума во моментов се плаќа 15,5 денари акциза. Се тоа заедно чини 79,66 денари. Кога на ова ќе се додаде 18% ДДВ се добива денешната цена од 94 денари по литар.
Кога ќе се усвои вчерашниот предлог на Владата, според актуелната цена на суровата нафта акцизата би се намалила за 1 денар што значи цената без ДДВ 78,66 денари. Кога на ова ќе се додаде новата даночна стапка од 10%, се добива крајна цена која изнесува 86,5 денари за еден литар дизел.

Опозицијата предложи друг модел. Тие бараат намалување на акцизата за 50%. За дизел горивото тоа е 7,75 денари помалку акциза. Кога на оваа сума ќе се додаде 18% ДДВ тоа значи дека со нивниот предлог дизелот веднаш би поевтинил за 9 денари па крајната цена според предлогот на опозицијата би била 85 денари. Кај бензинот акцизата е повисока и изнесува 22 денари што значи дека со предлогот на опозицијата акцизата на бензините би се намалила за 11 денари што е 13 денари кога на тоа ќе се додаде ДДВ. Тоа значи дека според нивниот мдел, бензинот би чинел 80 односно 82 денари.

 

 

10.03.2022 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега