Комисијата одлучи: Сите вработени во јавниот сектор да покажат потврда за примена барем една доза против Ковид-19, задолжителна вакцинација на здравствените работници

Денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, на прес-конференцијата ги најави новите мерки кои Комисијата за заразни болести ќе и ги предложи на Владата, со цел заштита на јавното здравје. Како најголема промена, ќе имаат невакцинираните, вработени во јавниот сектор.

Имено, министерот Филипче, објасни, дека Комисијата ќе предложи мерка сите вработени во јавниот сектор во локалната самоуправа, владините институции, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена доза против Ковид-19, или да имаат негативен ПСР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Како трета опција е да имаат потврда за прележан Ковид, не постар од 45 денови.

„Четврта опција е да имаат потврда од лекар специјалист, дека вакцината не може да ја примат, а тоа се исклучително ретки состојби“ - додаде министерот Филипче.

Минситерот порача и испрати апел до сите компании на приватниот сектор да се приклучат на овие мерки. 

И уште една мерка која ја наведе Филипче, а е исклучително важна е, задолжителна вакцинација на сите здравствени работници.

17.11.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега