Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го признаат македонскиот јазик откако тоа го сторија ЕУ и целиот свет

„Потпишувањето на Договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик, без фусноти, без додавки е историски успех за нашата држава на кој сите треба да сме горди. Но слично и со членството во НАТО, слично како и за започнувањето преговори со ЕУ, единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица не честитаа на овој државен успех. Тоа е затоа што овие две партии се антиевропски, деструктивни субјекти кои ширеа лажни вести и работеа против интеграцијата на државата во ЕУ“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Костовски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да им се извинат на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги, за сите хушкања на насилни протести каде злоупотребија млади луѓе да напаѓаат полицајци и државни објекти. Откако со договорот за Фронтекс ЕУ како и светот ги признаа официјалниот македонски јазик, редно е тоа да го сторат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица. ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа тие кои македонскиот јазик со месеци го нарекуваат западно бугарски дијалект, „севернџаски“ и користеа други погрдни зборови со што правеа штета на сопствениот македонски јазик и го омаловажуваа македонскиот идентитет. Тоа, почитувани, е антидржавно антинародно однесување на дело. Колку и да лажат, да манипулираат и омаловажуваат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, факт е дека Северна Македонија е во процес на преговори за членство во ЕУ, факт е дека тие преговори се водат на македонски јазик со чиста формулација. Колку и да се противат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, факт е дека македонската иднина е е сигирна и стабилна и дека таа е европска“, кажа тој.

 

28.10.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега