Ковачевски: Ако некој бојкотирал, тоа е ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека ако некој бојкотирал низ целата историја на државата тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на вториот круг на претседателските избори и зборуваат за некакви црни сценарија и за бојкот. Aко некој бојкотирал, тогаш тоа е ВМРО-ДПМНЕ – порача вчера од митингот во Гостивар претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.


 

Тој даде повеќе примери, за како што кажа, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ низ историјата.

– Ќе ве врататм наназад од НОБ, СДСМ е наследник на КПМ која е формирна во 1943, тука во соседството, во Тетово, Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата, се бореа за слободна независна македонска држава. Тогашниот претседател на ВМРО, Ванчо Михајлов беше на страна на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ООН влеговме благодарение на Киро Глигоров, тогаш ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше влезот во ООН. Кога требаше да станеме земја членка на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше референдумот. Го бојкотираа и пописот и поради тоа имаме 130.000 Македонци помалку. Кога конечни ги почнавме преговорите со ЕУ по 17 години чекање, втората меѓувладина конференција,ја бојкотираше ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој блокирал и бојкотирал во целата историја на Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ – истакна Ковачевски.

28.04.2024 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега