Ковачевски: Без СДСМ не постои процес за европска интеграција на државата

Без СДСМ не постои процес на европска интеграција на државата. Во нашата држава има два политички блока, едниот кој се залага за интеграција во ЕУ до 2030 година - предводен од СДСМ и вториот предводен од ДПМНЕ кој се залага за некакво алтернативно решение за кое не постои ниту план ниту објаснување, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју во вестите на Алсат М Телевизија.
 
Ова ќе бидат избори на кои СДСМ и нашата коалиција, ние имаме коалициони партнери кои се традиционални, кои застапуваат европски вредности кои ќе понудат надеж на граѓаните, а од друга страна ќе имаме безнадежност, рече Ковачевски. 
 
Oна што овие политички партии, но и другите политички партии дел од Владата која јас ја предводев ги обедини е идејата за Европска Македонија, потенцира Ковачевски.  
 
Доколку погледнете најголемите одлуки кои се однесуваат на евроинтеграциите, на интеграцијата во НАТО, на почнување и завршување на процесот на скрининг, беа направени токму во време на мандатот на Владата предводена од СДСМ. Зошто потенцирам СДСМ? Бидејќи без СДСМ не постои процес за Европска интеграција во нашата држава. Тргнувајќи од тој факт во минатото би кажал, не толку во последните месеци се разговараше за една идеја како би изгледала една коалиција којашто би настапиле сите политички партии кои имаат јасна визија и јасна стратешка цел за интеграција на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година. Политичката динамика во Македонија налагаше да секој ги презентира програмите во електоратот кој е традиционален електорат во политичките партии. Меѓутоа јас длабоко верувам дека во нашата држава, на крајот на денот кога ќе излезат политичките програми ќе има два блока. Едниот ќе се залага за интеграција во ЕУ до 2030 година и втор блок на политички партии предводен од ВМРО – ДПМНЕ којшто ќе се залага за некакво алтернативно сценарио, за кое не постои ниту план, ниту објаснување и тоа на сите веќе ни е јасно и на нашите граѓани, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во интревју за Алсат М телевизија.
20.03.2024 - 20:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега