Ковачевски: Кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград ќе одам и јас

Јас во Бугарија сум одел на многу средби, и кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград и тогаш ќе одам и јас, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање во однос на недостигот на наши државни претставници во врска со посетите на Македонците во Бугарија во споредба со бугарските државни претставници кои присуствуваат на отворање на бугарските клубови во земјава.

– Вие кажавте дека бил поранешниот бугарски премиер во Битола на отворањето, и не можам да кажам дека беше многу позитивно тоа доаѓање.Сметам дека кога се оди од страна на државни претставници таа средба треба да биде официјална, истакна премиерот на гостувањето во вестите на Сител телевизија.

07.11.2022 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега