Ковачевски: Местото за политичка дебата е Собранието каде што се носат закони од интерес на граѓаните

 
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју во Дневникот на Телевизија Сител порача дека местото за дебата е Собранието каде што се носат и унапредуваат законите кои се во интерес на граѓаните, додавајќи дека оваа Владата предводена од СДСМ низ дијалог ги носи сите одлуки.
 
„Местото за дебата, каде што се унапредуваат законите, кадешто се подобруваат предлозите на законите предложени од Владата е Парламентот. Во Собранието постојат комисии, и за финансирање и буџет и за економија, за земјоделие, значи постојат комисии во чија работа учествуваат сите политички партии, односно пратеници. Тоа е местото каде што треба да се отвори дебата во однос на сите законски решенија. Јас сум бил министер за финансии и кога ги предлагавме законите за ковид кризата имаше добри предлози од пратеници на опозицијата и тие беа прифатени“ рече Ковачевски.
 
Претседателот Ковачевски додаде дека Владата на СДСМ покажа во изминатиот период дека низ дијалог ги носи сите одлуки, особено најзначајните одлуки и потсети дека опозицијата одби учество во телата и комисиите кога тоа и беше понудено. 
 

 

„Оваа Влада покажа дека низ дијалог ги носи сите одлуки особено оние најзначајни и најголеми одлуки. Да не заборавиме дека минималната плата беше покачена низ социјален дијалог со сите синдикати. Потоа пензиите беа покачени врз основа на социјален дијалог кој се водеше со асоцијацијата на пензионерите, партијата на пензионерите и здруженијата на пензионерите. Исто така со сите други синдикати е отворен дијалог во однос на зголемувањето на платите и усогласувањето на минималните плати со новата минимална плата. Владата во првите  сто дена донесе пакет од 26 антикризни мерки со цел справување со сите кризи со кои се соочува Европа  и нашата држава. Тој пакет на мерки беше донесен низ инклузивен и широк дијалог со сите стопански комори, со експертската јавност и академската јавност. На тој состанок единствено не присуствуваа двајца експерти кои што се членови на раководни тела на ВМРО – ДПМНЕ. Што значи дека на таква понуда е практично неискрен чекор со цел остварување на дневно политички цели. Кога се формираа и работните групи со Бугарија и тоа опозицијата“ посочи претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во денешното интервју на Сител телевизија.

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

09.05.2022 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега