Ковачевски: НАТО ни помага да се справиме со хибридниот напад, граѓаните да не се грижат

 

Справувањето со интензивниот хибриден напад го правиме заедно со нашите НАТО сојузници, граѓаните да се спокојни. Ваква е пораката по средбата на премиерот Ковачевски и владината делегација со претставници на НАТО предводени од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи.

На состанокот стана збор за актуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Македонија, како и другите земји членки на Алијансата.

Констатитрано е дека се работи за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.

Министрите имаа можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности со кои е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна.

Се дискутираше и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во региото и врз другите членки на НАТО.

Заменик помошникот генерален секретар за нови безбедносни предизвици Апатураи, нагласи дека предизвиците со кои се соочува Северна Македонија се предизвици за НАТО членките и дека Владата ниту понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што тоа не го правела ниту досега. НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност.

Ковачевски се заблагодари на НАТО за целата поддршка која Северна Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на дражвата.

 
08.03.2023 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега