Ковачевски: Не очекува исклучително тешка година

Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не чека тешка година, односно најкризна после Втората Светска војна.

Тој додава дека има енергетска криза, војна, ковид-19, како и зголемување на цените.

– Не очекува исклучително тешка година, ова е година која е најкризна после Втората светска војна. Време е уште на инфлуенцата со ковид-19, период на енергетска криза којашто практично започна при крајот на минатата година, а доби на интензитет на почетокот на годината, и дополнително – војната во Украина, односно воената агресија на Русија врз Украина – вели Ковачевски.

Според него, тоа дополнително ги влошило условите на светскиот, економскиот и нашиот пазар со зголемување на цените.

05.05.2022 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега