Ковачевски: „Парадата на гордоста“ е едно од значајните демократски случувања во Македонија

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи порача дека секој има право на почит, достинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација.

„Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација.
Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.
Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани - донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме.
Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија.
Посакувам успешен и мирен #SkopjePride“, напиша Ковачевски.
Денеска во Скопје ќе се одржи „Парадата на гордоста.
 
25.06.2022 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега