Ковачевски-Павлова: Успешна соработка со ЕИБ за позелена и поодржлива економија и енергетска сигурност на регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими остварија средба со делегација на Европската инвестициска банка (ЕИБ), предводена од потпретседателката Лилјана Павлова.

Од прес-службата на Ковачевски информираат дека на средбата се потврдила определбата за продолжување на соработката на Владата и поддршката на Европската инвестициска банка во однос на реализацијата на повеќе големи проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализацијата, како и зелениот развој.

Исто така, било истакнато и дека продолжува соработката за поддршка на малите и средни претпријатија, кои преку Развојната банка на Северна Македонија се пласираат до фирмите преку комерцијалните банки.

-Соговорниците се согласија дека од големо значење е поддршката за реализација на проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција и реализацијата на делницата во земјата, при што беше оценето дека инвестицијата ќе придонесе за диверзификација на енергетските извори и сигурност на снабдувањето со енергија, обезбедувајќи социоекономски развој и интеграција во енергетскиот пазар во регионот и Европската Унија, се вели во соопштението од Влада.

Тие дискутирале и за реализацијата на крупните јавни инвестициски зафати во областите на патната и железничката инфраструктура и била истакната важноста на железничкото поврзување со Бугарија, дел од Коридорот 8.

Како заклучок од средбата, соговорниците ја изразиле подготвеноста за продолжување на соработката потенцирајќи ја поддршката на земјата и регионот за инвестиции во нови проекти

08.03.2022 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега