Ковачевски: Ребаланс на буџетот ќе биде поднесен до крајот на мај во Собранието

Ребалансот е во фаза на подготовка. Направени се калкулациите на расходната страна и сега се прават на приходната страна, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, според кого ребалансот на Буџетот ќе биде поднесен во Собранието најверојатно до крајот на тековниов месец.

– Во моментов се направени калкулациите на расходната страна, се прават на приходната страна и после тоа ќе може да биде поднесен ребалансот во Собранието, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на германската компанија „ Маркарт“.

За мисијата на Меѓународниот моментарен фонд во земјава, Ковачевски рече дека се работи за редовна мисија.

– Тие ги гледаат перформансите на економијата, меѓутоа и подготовката на самиот ребаланс, исто како и минатата година. Министерот за финансии Бесими ги има завршено разговорите со нив, рече Ковачевски.

06.05.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега