Ковачевски: Уште кога ме избраа за премиер кажав дека не се врзувам за датуми, ни треба брзо, но не и избрзано решение

Премиерот Ковачевски, прашан да ја прокоментира изјавата на претседателот Стево Пендаровски кој оцени дека е коректен ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оти партијата нема да поддржи промена на Уставот за внесување на Бугарите во него, доколку не се добие гаранција од Софија оти нема да има нови условување, рече дека таа изјава е речиси идентична со неговата.

– Во однос на изјавата на претседателот Пендаровски, таа е практично идентична со мојата изјава дека со Република Бугарија треба да има сеопфатно решение кое што ќе ги затвори сите отворени прашања и кое што ќе значи безусловно кревање на ветото што Бугарија го има ставено за отпочнување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со ЕУ, рече Ковачевски.

На прашањето дали е оптимист дека до јуни би можел да се реши спорот со Бугарија, премиерот рече дека е рационален оптимист, оти верува во остварување на одредена цел и оти работи таа цел да се оствари.

– Уште од самиот почеток откако бев избран за претседател на Владата кажав дека не се врзувам за датуми и ниту во еден момент не споменав ниеден датум. Кажав дека нас ни треба брзо, меѓутоа не и избрзано решение, рече Ковачевски.

06.05.2022 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега