Ковачевски: Верувам дека Алтернатива ќе стане дел од мнозинството

Заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски кој е дел од владиниот преговарачки тим за влез на Алтернатива во Владата вели дека е позитивен.

Ние имаме одредба во која сите кандидати ќе го чуваат дигнитетот на членовите и партијата. Ќе се посветам на промоција на мојата програма и комуникација со членовите во партијата. Разговорите ќе продолжат денеска.Оптимист сум, рационален оптимист и работам на решенијата. Длабоко верувам Алтернатива ќе стане дел од мнозинството, тоа ќе претставува стабилна влада, истакна Ковачевски.

Инаку тој денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.

Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.

 

01.12.2021 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега