Ковачевски: За да се зголеми платата мора да се подобри и продуктивноста

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за „ТВ 21“ кажа дека Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на сите синдикати, иако имало и такви кои не сакале да се постигне договор.

 

Ковачевски вели дека во приватниот сектор треба поголема продуктивност за да се зголеми платата.

„Јас секогаш сум бил на страната на работниците. Јас секогаш велам дека најлесно се качува плата во јавниот сектор, односно платата којашто ја плаќаат даночните обврзници најлесно се качува. Синдикатите бараат поголеми плати, Владата треба да подобри и тоа ќе го плаќаат даночните обврзници. Во приватниот сектор не е така, во приватниот сектор треба да се зголеми продуктивноста, треба да се произведе повеќе и треба да се продаде повеќе, за да се зголеми платата“, посочи Ковачевски, и додаде  дека и во такви услови се водеа транспарентни разговори со сите синдикати за усогласување со минималната плата.

06.05.2022 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега