Ковачевски: За време на Рамазан испраќаме пораки за заедништво

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва приреди ифтар за членовите на Владата и за претставници на партиите од коалицијата, како и за претставници на Исламската верска заедница и други општествени организации, кои ја практикуваат исламската вероисповед.

Посакувајќи им добредојде, премиерот Ковачевски во своето обраќање нагласи дека му е чест да ги пречека како гости за време на празничните пости, кога семејствата и пријателите се собираат како израз на меѓусебно почитување.
 
-Рамазанските пости се период кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување. Ми претставува посебна чест што ја прифативте поканата оваа вечер да бидеме заедно во исполнувањето на вашите свети должности. Со заедничкото споделување и укажување чест во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан, испраќаме порака за заедништво и подавање рака. Ова се празнични денови кои нè учат сите нас на милосрдие, добрина, давање љубов, грижа и простување кон другите, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.
 
Празничниот пост, како што рече премиерот, е одрекување од земните и сетилните задоволства што е заедничка вредност на многу вери – вклучувајќи ја и христијанска.

29.04.2022 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега