Ковид-хаос во Македонија: Најмладиот имал само 33 години - Умреа 13 луѓе од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Продолжува црната ковид-статистика во нашата земја. Новиот бран е пред прагот, а секојдневно се регистрираат голем број на нови случаи, но висок е процентот и на починати. Фактот којшто загрижува е следниот, во текот на изминатото деноноќие повторно имаме двоцифрен број на смртни случаи, а најмладиот починат пациент имал само 33 години.

Согласно информациите на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. Од нив, 3 починати лица се од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 починати лица се регистрирани од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г).

Статистиката бележи и по едно починато лице од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Досега, во нашата земја од почетокот на пандемијата умреле вкупно 7.307 лица.

Инаку, денеска по подолго време заседаваше Комисијата за заштита од заразни болести. Тие се видоа, но нови мерки не донесоа. Заклучија дека има пораст на новозаразени, но како што заклучија, ситуацијата била стабилна. 

 

12.11.2021 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега