Кривична пријава против поранешен градоначалник, го оштетил Буџетот на општината со 662 885 денари


Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.
На тој начин пријавениот го оштетил Буџетот на општината за износ од 662 885 денари кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.
Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава“, истакна Тошковски.
29.04.2024 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега