Лавров: ЕУ и НАТО сакаат да ja направат Македонија „алаткa“ во анти-руската игра

 

„Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Македонците и Црногорците за Русија и она што го прават нивните политичари принудени од Брисел. Ова е истото тоа што се обидоа да го сторат во Украина и во други источноевропски држави “, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју објавено на вебсајтот на руското Министерство за надворешни работи.

„ЕУ и НАТО се обидуваат да ги направат Северна Македонија и Црна Гора „алатки во антируската игра“ кажал Лавров во интервјуто.

„Македонија, стана Северна Македонија за да влезе во ЕУ. Меѓутоа, таа не беше примена таму, ниту пак ќе биде примена во скоро време. Наместо тоа, ја вовлекоа во НАТО, почнаа да потпалуваат русофобни чувства, агресивна политика кон Руската Федерација“, рекол рускиот министер за надворешни работи.

„Јас сум бил во Скопје и во Охрид, видов како луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија. Бев и во Црна Гора. Посетував и манастири и цркви“, посочил Лавров во интервјуто.

Тој позитивно се изразил за решавањето на црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ.

23.07.2022 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега