Лазаров: Мерката за задолжителен ПЦР тест при влез во Македонија е задоцнета - Делта сојот веќе е увезен

Воведувањето на задолжителен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за д-р Ненад Лазаров е задоцнета мерка. Според него, Делта сојот веќе е многу распростран во Македонија и поради тоа смета дека мерките се донесени многу доцна.

Лазаров во изјава за ТВ 21 рече дека сепак потребни се поригорозни мерки бидејќи состојбата е сериозна.

-Веќе е касно, имаме широка трансмисија на терен. Но, рестриктивни мерки, по однос на ограничување, односно контрола при влез во државава требаше многу поодамна да има. За жал си дозволивме да го импортираме овој Делта сој во Македонија. Рестриктивни мерки, да, апсолутно се потребни. Ги гледате дневните бројки на новозаразени и веќе интензивно и нагло ни се полнат и болничките капацитети, вели Лазаров.

 

16.08.2021 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега