ЛДП: Наместо да измислува нови, Град Скопје да почне да ги решава реалните проблеми на граѓаните

Либерално-демократската партија најостро ги осудува вчерашните случувања на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје и апелира до надлежните конечно да започнат да се занимаваат со решавање реалните проблеми на граѓаните, а не да измислуваат нови.

„Вчерашната седница и односот на поединци кон институцијата Совет на Град Скопје, особено од страна на градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, е само уште еден чекор во деградирањето и дерогирањето на институцијата. Сведоци сме на зголемено незадоволство, како на вработените во градските служби и јавни претпријатија, така и на граѓаните на Скопје, кои секојдневно наоѓаат начини како да се изборат со пречките кои Град Скопје ги секојдневно ги поставува. Наместо брз рапид транзит систем, добивме нефункционален јавен превоз, а наместо колекторски систем на реката Вардар, добивме метропола со ѓубре и отпад на сите страни и загаден амбиентален воздух. Наместо пристојни услови за живот, добивме штрајкови, протести и незадоволство од секоја пора на градот“, велат од партијата.

ЛДП апелираат до советниците и градоначалничката да бидат одговорни пред граѓаните, да не ги трошат народните пари на приредување циркузи и конечно, да се зафатат со решавање на проблемите на Скопје и скопјани.

09.11.2022 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега