Лебот, месото и зејтинот со најголем скок – цените на мало скокнале за 8,6%

Индексот на цените на мало се зголемил за 8,6 отсто од лани, покажува Државната статистика. Најголем скок има кај маслата и мастите, чии цени од лани досега скокнале за 24,9 проценти.

Лебот и житата се поскапени а 10,8 отсто, а висок скок се бележи и кај месото од 6,3 проценти.

Овошјето и зеленчукот поскапеле за 10,8, односно за 16,7 проценти.

Скок се бележи и кај чоколадата, џемот, медот и шеќерот, чија цена се зголемила за 10,3 отсто.

07.03.2022 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега