Лефков: ЈО да отвори истрага и да испита како Груби купил дуќан неколкукратно поевтино од реалната цена, дури и банката го проценила двојно поскап

„Денес објавуваме нови детали од случајот со купувањето на дуќанот на улица „Македонија“ од страна на братот на Артан Груби, кои потврдуваат дека истиот е купен под реалната цена, а се доволна индиција за ЈО да не чека ниту ден и да отвори истрага.

-Според нашите информации банката која му дала кредит на Ветон Груби, го проценила истиот на 200.000 евра, односно два пати повеќе од тоа што Груби платил.“ - изјави на денешната прес конференција Миле Лефков.

Проценката на банката е со најниската цена по метар квадратен, зошто така си ги штити своите пари, но дури и по таа проценка Груби го платил дуќанот два пати поевтино од најниската реална вредност.

Груби мора да одговори, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат купува дуќан во центарот на Скопје по неколкупати пониска цена од реалната? Како братот на Груби плаќа 650 евра за квадратен метар деловен простор на улица „Македонија“?- додаде Лефков.

„Цената за квадратен метар која Груби ја платил за дуќан во центарот на Скопје е помала не само од цените во Скопје, туку и од другите градови низ Македонија.

ЈО мора да реагира. Од авион се гледа дека братот на Груби платил цена многу пониска од реалната. Мора да се истражи зошто дуќанот е купен под цена и дали можеби разликата во цена е платена во готово или со други услуги кои не се пријавени, а со тоа е прекршен законот и е затаен данок?

ЈО да не чека, имаме еклатантен пример за политичка корупција која мора да има епилог.“-потенцираше Ллефков.

01.03.2023 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега