Љутков: Со СДСМ на власт од 2017-та па наваму од 50 до 60% се скратени буџетите и во филмската индустрија

„Од 2017-та година па наваму од 50 до 60% се скратени буџетите и во филмската индустрија“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Љутков додаде дека ако во 2017-та година Драмски театар имал 8 милиони или 9 милиони денари за продукција, оваа година ќе има околу три ипол милиони денари.

„Значи не продуцираме веќе претстави, ние продуцираме претставнички со низок квалитет во однос на костим, сценографија, во однос на продукцијата“, нагласи тој.

Тој посочи дека во однос на квалитет и квантитет се продуцира многу послаба продукција.

„Ако сме имале до 10, 11 живи претстави, ние денеска имаме 3 до 4 живи претстави. Не продуцираат генерално. Или ако продуцирате, продуцирате нешто што веќе на гледачот не му е пријатно за око. Не можете вие постојано да продуцирате претстави со двајца, со тројца актери, што правата другите 40-тина кои што се вработени во институциите. Не може прстот и вината да се упати кон нив, генерално вината е до министерството и до владата“, рече тој.

Љутков укажа дека поради негрижата на Владата веќе македонската култура и уметници веќе не се меѓународно препознаени.

„Сега имате во филмската индустрија генерално во последен момент кражба, значи се одлеваат огромни средства на милениците на власта, како да им е последно, така некако го третираат, а во однос на сите други сегменти во културата и во заштитата, и во капиталните инвестиции и во музичко сценска духовна дејност немате веќе продукција. Ние имаме само вработени луѓе кои што не продуцираат“, појасни Љутков.

Љутков во текот на емисијата се осврна и на покачувањето на платите на културните работници.

„Имате една политичка опција која што постојано во медиумите зборува дека не треба да се враќаме назад, дека треба да гледаме во иднината и дека Европа е нашата тенденција. Се ова што се работи со новиот предлог закон е антиевропско. И тука е завршена приказната“, истакна Љутков.

„Факт е дека од власта не можат да се снајдат со синдикатите. Потпишан е со СКРМ, со синдикатот за култура на Република Македонија, потпишан е тој колективен договор каде што по член 65 вели дека со секое покачување на минималната плата автоматски се покачуваат и платите на работниците. Верувајте од тој момент до сега Владата нема обезбедено ниеден денар во однос на плати“, рече тој. 

Тој посочи дека министерството ги качува платите, но крати од програмските активности. И затоа се нема пари за програми.

 „Не обезбедила Владата досега ниту еден денар за културните работници. Ниеден денар! Самата министерка на национална телевизија си призна дека претходните години не биле испланирани средства за плати, па затоа се правело ребаланс. Но, со правење на ребаланс не се обезбедиле средства од финансии, туку се обезбедиле средства министерството за култура со пренамена од прграмските активности. Од производството ни кратат“, нагласи Љутков.

12.01.2023 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега